Браќа се испотепале со стапови за нива
02.05.2012 11:36
| KumanovoNews
Двајца браќа од населба Карпош се испотепале со стапови за нива, откако предходно не можеле да го решат проблемот со расправија.

Пресметката се случила вчера околу 9 часот, кога постариот брат С.М (57) со стап го удирал Т.М (46) по телото и во пределот на главата. Повредниот е пренесен во кумановска болница каде е задржан на лекување. Заради тоа што не му е утврден карактерот на повредата, полицијата сеуште не поднела пријава против братот тепач.
СВР Куманово работи на расчистување на случајот.