„Братство Единство„ затворена поради дефект на водоводната мрежа
11.04.2011 08:41
| KumanovoNews
Пукната водоводна цевка ја затвори улицата „Братство Единство„ кај Музичкото училиште. Екипа на ЈП „Водовод„ работи на откривање на дефектот и ја прекопува улицата.

Работниците велат дека кога ќе го лоцираат проблемот, ќе знаат колку ќе трае неговото отстранување. Очекуваат да заврши во 16 часот. Дотогаш сообраќајот се пренасочува по улицата кон Бирото за вработување.
Дефекти на водоводната мрежа има и во населбата „Иго Тричковиќ„ и „Светозар Марковиќ„, додека на улицата „29 Ноември„ се работи на реконструкција на мрежата.