


Образование во време на корона
Емилија Петровиќ - Кукуњавска

Главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа, кој престојува во касарната „Боро Менков“ во Куманово, обезбеди помош во заштитна опрема за Општата болница Куманово.
Донацијата е во вредност од 100 илјади денари, а денеска ја врачија претставниците на Комадата на SEEBRIG.
„Сакам да искажам благодарност бригадата, бидејќи ни донираа лична заштитна опрема и со тоа ја искажуваат својата хуманост и ни помагаат полесно да се справиме во битката со ковид-19. Општата болница во Куманово од почетокот на кризата имаше хуманитарна помош од индивидуални лица, фирми, организации, а сега и командата на SEEBRIG, која има случна мисија како нас да се бори за секој живот и покажува солидарност со нас во пресрет на Новогодишните празници, со желба за полесно справување со кризата. Гестот е исклучително хуман и е пример дека во оваа битка не сме сами,- истакна директорката Снежана Захариева.
Бригадата на Југоисточна Европа - SEEBRIG е формирана пред 21 година заради регионална соработка и безбедност помеѓу шест земји – Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција, како и со цел да ги унапреди добрососедските односи помеѓу земјите- членки.
Бригадата се стационираше во касарната „Боро Менков“ во Куманово, во август годинава, а тука ќе остане шест години. Командант на бригадата е генерал Аристедеис Илиопулос.
(С.Н.)