Ќе се одржат “Денови на мед 2014“
18.09.2014 12:46
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад наредната недела на 25,26 и 27 септември ќе се одржи 15 - та по ред саемска манифестација “Денови на мед 2014“.

Мед и пчелни производи ќе изложат над 15 пчелари, од кои повеќето од Куманово. Истовремено ќе биде изложена храна и опрема за пчели. Саемот на мед го организира пчеларско здружение “Пчела“ под покровителство на градоначалникот.