Ќе се реши пензискиот стаж на земјоделците
12.08.2015 09:29
| KumanovoNews
Во наредните 10 дена трајно ќе биде решен проблемот на земјоделците околу пензискиот стаж плаќан по законите од 1978 до 1988 година, најави премиерот Никола Груевски.

Ова се прави на барање на земјоделците кои сакаат овој проблем да биде решен. На наредната седница на Владата ќе биде предложен закон со кој ќе се реши проблемот за нивниот пензиски стаж во наведениот период.
Се очекува во наредните 10 дена законот да биде поставен на собраниска седница и на тој начин трајно да се реши проблемот.