Ќе се заменуваат подови во “Светозар Марковиќ“
20.07.2015 11:20
| KumanovoNews
Во август ќе се заменат подовите во училниците во основното училиште “Светозар Марковиќ“ во село Старо Нагоричане.

Оваа инвестиција ќе се реализира со средства од општината Старо Нагоричане, за да се подобрат условите во училиштето.
“Тоа се училници каде часови одржуваат децата од нижите одделенија. Старите подови ќе бидат заменети со нови. Откако е пуштено во употреба училиштето од 1965 година, подовите не се сменети и време беше тоа да се направи“-рече директорката Даниела Станковска.
Во ова основно училиште се образуваат стотина деца.