Четворица кумановци поседувале 5.5 грама марихуана
30.09.2014 10:00
| KumanovoNews
Кумановската полиција кај четворица кумановци, во четири одвоени случаи, пронајде марихуана.

Против сите ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Кај приведените е откриена вкупно 5.65 грама марихуана. И.М.(28) е фатен со 1,5 грама марихуана, кај Р.Р.(18) се најдени 1,05 грама марихуана, М.М.(31) поседувал 1,96 грама марихуана и 0,40 грама марихуана помешана со тутун и Н.Ц.(19) криел 0,74 грама марихуана.