×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се намалат трошоците за надоместоци за банкарски услуги, бара гувернерот Славески

    25.06.2025 14:06 | KumanovoNews

    Народната банка ќе ги намали надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), како што се надоместоците поврзани со долговниот промет, но очекува во најкус можен рок банките да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво.

    Да се намалат трошоците за надоместоци за банкарски услуги, бара гувернерот Славески

    Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска на средба со претставници на банките од Македонсаката банарска асоцијација (МБА) порача дека надоместоците за платежните услуги треба да бидат на разумно ниво, одржливо за банките, но истовремено фер и прифатливо за корисниците.

    Според последните податоци од 2024 година, нето-приходите од надоместоци учествуваат со 18 проценти во вкупните нето-приходи на банките.

     Славески предупреди дека високите трошоци за извршување на плаќања можат да бидат бариера за користење на официјалните канали, особено кај населението со пониски примања кое во услови на ценовно недостапни услуги ќе мора да се потпира повеќе на готовина. Најголемата придобивка од поставување на разумни надоместоци, укажа, е што тоа директно ќе придонесе за зголемена финансиска вклученост. Кога плаќањата ќе станат поефтини и подостапни, повеќе граѓани ќе се охрабрат да ги користат дигиталните канали, да отворат сметки и да извршуваат трансакции преку официјални механизми. Тоа, пак, ќе придонесе и за намалување на сивата економија – бидејќи колку повеќе средства циркулираат преку формалниот банкарски систем, толку потранспарентни ќе бидат економските текови. И банките и граѓаните, рече Славески, ќе имаат корист од тоа – преку подобра финансиска вклученост, зголемен број на плаќања, а со тоа и повисоки приходи, и подобри услуги за сите.

    Споредувајќи ги надоместоците за платежните услуги на банките со надоместоците на матичните банки од ЕУ,  како што информира гувернерот, согледани се неколку видови на платежни услуги за кои надоместоците треба да се намалат и поедностават, а некои и да се укинат. (извор.мкд.мк)

    (Фото: Народна банка)