×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата со кампања купувај домашни земјоделски производи ќе го зголемува производството и потрошувачката

    25.06.2025 14:33 | KumanovoNews

    Преку кампањата купувај домашни земјоделски производи, Владата ќе го стимулира растот на домашната економија и директно ќе влијае врз зголемување на потрошувачката на земјоделските производи кои ги произведуваат македонските земјоделци.

    Владата со кампања купувај домашни земјоделски производи ќе го зголемува производството и потрошувачката

    Граѓаните ќе можат да купуваат домашни земјоделски производи во маркетите, а секој производ кој е произведен во Македонија или е увезен од надвор ќе биде обележан.

    „Со ова не само што ќе се зголеми побарувачката на пазарот, туку ќе се зголеми и земјоделското производство. Ако претходно имавме состојба каде што се напуштаа нивите, сега ќе ги поттикнеме земјоделците со својот труд да се вратат на полињата. Наша основна цел е Македонија да ја направиме земјоделски независна држава. Владата преку конкретни мерки и чекори кои директно помагаат за развој на домашната економија и раст на БДП“, велат од Владата.

    Целта на оваа кампања на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да се промовира домашното производство и да се зголеми сопственото производство.