×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денови на комедија со скратена програма, но со квалитетни претстави, најавуваат организаторите

    17.09.2020 08:44 | KumanovoNews

    Меѓународниот театарски фествал Денови на комедија, оваа година ќе се одржи под посебни протоколи поради опасноста од ширење на коронавирусот и со скратена програма, но со вообичаениот квалитет на претстави на кој навикнала публиката во изминатите години, велат организаторите од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

    Денови на комедија со скратена програма, но со квалитетни претстави, најавуваат организаторите

     Фестивалот ќе започне на 28 септември а ќе трае до 10 октомври. Ќе бидат прикажани  7 претстави од неколку домашни тетари и гости од Србија, Босна и Бугарија.

     „По добиените препораки од Комисијата за заразни болести и Владата, го изготвивме протоколот за настани во нашата институција. Фестивалот Денови на комедија треба да започне на 28 септември, а според важечките протоколи на секоја претстава ќе може да присуствуваат само 110 лица. Очекуваме разбирање од публиката за бројот на местата во салата со оглед на епидемилошката состојба во која се наоѓаме. Бидејќи го знаеме значењето на овој Фестивал одлуката да се одржи беше донесена се со цел да не згасне дваесет и две годишната традиција на нашиот град. Со скратена, но квалитетна програма Фестивалот ќе биде одржан и оваа 2020 година“, - вели директорот Сашо Тодоровски.

    Билетите ќе бидат пуштени во продажба наредната сабота, а секој посетител може да купи само по два билети, бидејќи по новите протоколи ќе има многу мал број на места во салата.