×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дете починало откако го удрила статива по глава кај Соколанскиот парк

    14.08.2019 18:14 | KumanovoNews

    Тринаесет годишно девојче починало попаднево откако врз него паднала статива на игралиште,  зад спортската сала Соколана во Куманово.

    Дете починало откако го удрила статива по глава кај Соколанскиот парк

    Според СВР Куманово,  девојчето е државјанин на Република Хрватска, со престој во Куманово. Несреќата се случила околу 17 часот на игралиштето зад спортската сала Соколана додека децата играле фудбал. Во еден момент двојчето се виснала на една од стативите и паднала. Врз неа паднала стативата и ја удрила по главата.

    Веднаш била повикана Брза помош и детето било  пренесено на Ургентниот центар во Куманово.  Лекарите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно, повредите на главата биле фатални.

     Од СВР Куманово  велат дека се работи за несреќен случај, откако екипите извршиле увид на лице место.

    Случајот во полиција го пријавиле од Општата болница Куманово.