×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дезориентираната Левица продолжува со лаги и клевети, велат од ЗНАМ

    20.06.2025 17:11 | KumanovoNews

    Повторно сме сведоци на евтини и очајнички напади од страна на Левица, која со својата токсична реторика, без никаква визија и идеи, се обидува да оцрни сè што не може да достигне, регираат од Движење ЗНАМ за Наша Македонија на обвинувањата на Левица.

    Дезориентираната Левица продолжува со лаги и клевети, велат од ЗНАМ

    Од партијата велат наместо да понуди конкретни решенија за граѓаните, Левица продолжува да клевети и да шири дезинформации за градоначалникот Максим Димитриевски и Движењето ЗНАМ – политичка сила која секојдневно ја добива довербата на народот преку реална, чесна и одговорна работа на терен.

    „Средствата од унгарскиот кредит се доделуваат по транспарентна, јасна и законска процедура, преку јавен повик спроведен од надлежните институции.  Во првата фаза од тој повик, Општина Куманово доби средства за реализација на три проекти, избрани како приоритетни од самите граѓани на општината. Овие средства се добиени поради докажан капацитет и успешна реализација на капитални инвестиции, а не поради каква било политичка привилегија или „награда“ и тоа за три капитални проекти кои се во напредна или завршна фаза: Индустриска зона Новини – Речица, изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализација, како и внатрешни сообраќајници со осветлување. Проект кој отвора простор за странски инвестиции и нови работни места за локалното население. Улица Бајрам Шабани – атмосферска канализација - проект кој конечно решава децениски проблем на жителите. Работите се 80% завршени, соочени со непредвидени услови на терен, но инвестицијата е во завршна фаза. Гасификација – улица Видое Смилевски Бато - изградба на секундарна гасоводна мрежа до село Доброшане – решение кое носи поевтина енергија и економски развој во мини индустриската зона. Се чека согласност од ЈПДП и СВР Куманово, бидејќи трасата минува по регионален пат“, велат од ЗНАМ.

    Од партијата додаваат дека втората фаза од јавниот повик сè уште не е завршена, ниту се објавени конечните суми и проекти за сите општини, и оттука, тврдењето дека „Куманово добило најмногу“ е лажна и тенденциозна конструкција – типичен пример за политичка манипулација од страна на Левица.