×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димковски: Ќе направиме пат до секоја куќа

    18.03.2013 10:52 | KumanovoNews

     Радивоја Димковски, бизнисмен од Младо Нагоричане е кандидат за градоначалник од СДСМ за Општината Старо Нагоричане.

    Димковски: Ќе направиме пат до секоја куќа

    Димковски секојдневно се среќава со проблемите на неговите сожители и затоа смета дека може најдобро да помогне да се надминат. Ветува решавање на патната инфрасткруктура, изградба на водоводната мрежа и подобрување на снабдувањето со електрична енергија.

     Во програма ги имаме сите проблеми кои ги засегаат граѓаните, а на прво место е изградба на патишта до селата. Планирам да имаме пат до секоја куќа, до секое населено место. Не мора да е асфалтиран, ама мора да имаа соодветен пат по кој ќе можат да се движат коли. Втора значајна работа во мојата програма е снабдување на население со здрава вода за пиење. Трета работа е подобрување на нисконапонска електрична енергија која во моментов е пред распаѓање, бидејќи е градена во 1963 година, чии столбови се дотраени. Понатаму мора да се воспостават сигурни сообраќајни врски кон населните места, луѓето да патува таму каде што треба. Денеска и тоа недостасува. Многу е важна регулација на корито на река Пчиња, која поплавува и носи отпад во општината. За сите работи кои ги набројав очекувам соработка со централна власт, без разлика која партија е на власт, сите партии се македонски. Сметам дека сите ќе се придржуваат до закони кои се донесени за локална самоуправа и ќе ги спроведуваат во пракса, а не како досега, испаѓа дека само Скопје е Македонија - вели Димковски.

    Негов став е дека сите општини треба рамномерно да се градат, за да се создаваат подеднакви услови за живот на сите граѓани во државата. Тој планира општинскиот буџет да се полни и со сретства, кои ќе се обезбедат од експлоатација на песок. За културните знаменитости во Општина Старо Нагоричане се планира реконструкција и заштита, а старото училиште во Младо Нагоричане ќе прерасне во етно-музеј со придружен објект и ресторан.

    Димковски смета дека негова предност пред останатите кандидати за градоначалник во Старо Нагоричене е тоа што тој е роден и живее во Општината, и како таков сака неговиот крај да се развива.

    СДСМ во Старо Нагоричане има и советничка листа со 9 кандидати. Носител на листата е Бобан Цветановски од село Стрновец.

     Сите наши кандидати живеат во Општина Старо Нагоричане, а не се само по лична карта жители. Имаме поддршка на терен. Кандидати за советници имаме од сите бранши и мислам дека со кандидатот за градоначалник имаме добитна комбинација. - рече Жаклина Јовановска, втора на листата на советници.

    Тие прогнозираат дека ќе добијат три советнички места во Советот на Општина Старо Нагоричане. Кандидатот Димковски вели дека гласачите треба да го изберат најдобриот, а за себе се надева дека ќе влезе во вториот круг.