Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се повредени при синоќешниот пожар на улицата „Кирил и Методи“ во Куманово, во продажниот објект на книжарницата „Ханибал“.
Реагирала екипа на Итната медицинска помош, пружила помош на лице место, а подоцна два пациенти биле транспортирани до Ургентниот центар на Општа болница Куманово.
„Повреден е маж со изгореници од прв степен на рацете и лицето, кои се санирани и е пуштен на домашно лекување. Повредена е и една од вработените, која поради тешкотии при дишење, како последица на вдишување на чад побарала медицинска помош. И кај неа се работеше со третмани по кои е пуштена на домашно лекување. Дадена се и седативи поради анксиозноста и напнатоста по настанот, но според медицинските иследувања не очекуваме посериозни и долготрајни последици“, истакна д-р Муејед Амети, лекар на медицинската екипа кој инетрвенирала на терен.
Вчера, во попладневните часови ТППЕ Куманово интервенирала на опожарена семејна куќа на улицата „Кирил и Методи“, спроти Пионерскиот дом. Интервенирано е од 18 до 20 часот со 2 ПП возила и 7 пожарникари. Причините за пожарот и настанатата материјална штета допрва ќе се утврдуваат.