Две нови села во Куманово
19.09.2014 11:50
| KumanovoNews
Куманово ќе добие две нови села, Костурник и Воиновиќ.
Двете маали на селата Табановце и Горно Којнаре, Воиновиќ и Костурник наскоро ќе станат селски населби.
Овие села заедно со уште неколку во земјава ќе се формираат на барање на граѓаните, општините и државните институции задолжени за вадење лични документи. Како што вели министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани веќе во процедура е барањето за измени во Законот за територијална организација со што седум населени места кои функционираат во рамки на пет поголеми општини ќе бидат издвоени како посебни села.