Две улици во градот без вода
02.05.2012 09:44
| KumanovoNews
Граѓаните кои живеат на улиците „Перо Шварц„ и „Никола Тесла„ денеска ќе останаа без вода за пиење.

Од јавното претпријатие “Водовод “ информираат дека се работи за мал дефект и дека најдоцна до 15 часот пукнатите водоводни цевки ќе бидат санирани. Екипите веќе работат на терен со цел да се обезбеди непречено снабдување на домаќинствата со вода. Во останатите делови на градот водоснабувањето е нормално.
С.А.