Мени

Двегодишно дете се затруло со лекови

10.08.2026 19:13 | KumanovoNews

Двегодишно дете вчера било донесено во Општа болница Куманово со знаци за труење со лекови.

 

Двегодишно дете се затруло со лекови

Случајот бил пријавен од лекар од кумановската болница.

„Во 14:28 часот во СВР Куманово, лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено од лекови“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пред неколку дена, исто така, двегодишно дете од Куманово беше пренесено на лекување во Скопје, откако се затруло со разредувач за боја.