02. 02. 2010 10:53

Една година хрватска заедница во Куманово

Една година хрватска заедница во Куманово

Заедницата на Хрватите во Република Македонија - oгранок Куманово, го оддржа своето прво годишно собрание и ја одбележа годишнината од своето постоење во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.  

На присутните гости и членови им се обрати координатор на oгранокот Јаков Ламбаша. Тој поднесе извештај за спроведените активности и финансиското работење на огранокот во 2009 година. Во своето обраќање координаторот зборуваше и за планираните активности за оваа година. Една од основните цели ќе биде обезбедување на простории на здружението заради поефикасно работење и развивање на хрватскат заедница во градот.  

Една година хрватска заедница во Куманово

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk