×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Еуро бајкерс“ ќе донира опрема за кумановската болница

    04.10.2013 09:58 | KumanovoNews

     Хуманитарното моторџиско здружение “Еуро бајкерс“ во мај ќе донира кревети и болнички апарати од Германија за Општа болница Куманово.

    “Еуро бајкерс“ ќе донира опрема за кумановската болница

    Моторџии од Германија и Хрватска, членови на “Еуро бајкерс“ заедно со колегите од моторџиски клуб “Мечки“ од Куманово, денеска се сретнаа со директорот на Општа болница Куманово, Ариф Латифи. Тие велат дека целта им е да помогнат на Куманово и потенцираат дека досега донирале во повеќе градови во БИХ и Хрватска.

    Земјите од Централна Европа ќе помогнат на регионот. Во мај  ќе дојдеме со камиони, во придружба со наши моторџии и моторџиите од “Мечки“ и ќе ја донесеме помошта која мислиме дека можеме да ја  собереме во Германија. Овдека сме дојдени со техничкиот директор кој е запознаен со апаратите и ќе направи најдобар избор што овде е потребно, што можеме да пружиме. Претседателот на Европскиот парламент, Шулц ќе се потруди во таа прилика да ни помогне колку што е можно - изјави Херман Мунцел, промотор на моторџиите од Централна Европа.

    Директорот Латифи се заблагодари за овој хуманитарен гест и вели дека првите контакти со германските болници веќе се направени.

    Ние и порано имавме контакти, беше договорено со Херман оваа средба да се случи во првата недела од октомври. Тие тоа го исполнија и дојдоа за да ја видат нашата апаратура и нашите болнички згради. Се надевам дека контактите ќе продолжат и во иднина и донациите ќе се реализираат - вели директорот.

    Од кумановскиот мото клуб “Мечки“ се задоволни од соработката која ќе донесе донација за болницата со што условите во оваа установа ќе се подобрат.

    Имавме можност да се запознаеме со претставници на “Еуро бајкерс“ организацијата и имавме прилика да направиме една хуманитарна акција за нашиот град во соработка со градот Куманово, од кумановци за Куманово - рече Јовица Гиновски, претседател на “Мечки“.

     Младен Давидовиќ, советник во Советот на Општина Куманово рече дека околу техничкиот дел локалната самоуправа ќе им помогне на моторџиите.

    Ги поврзавме со институциите кои треба да ги посетат и се надеваме дека ќе помогнеме во тој дел. Се надевам дека овој проект ќе биде успешен, во мај ќе се реализира и сите заедно, и град Куманово и моторџиите ќе направиме една забава и ќе им покажеме на кумановци дека знаеме да соработуваме - вели Давидовиќ.

    “Еуро бајкерс“ иднината година ќе донираат во Куманово, во Пеќ на Косово и во еден град во Албанија.

     Моторџиите денеска ја посетија и Општина Куманово.