×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градинката Синоличка ќе се грее на гас

    14.02.2011 15:28 | KumanovoNews

     Градинката „Синоличка„ , кај Градскиот стадион од денеска е приклучена на гасоводната мрежа и во иднина ќе се затоплува на гас.

    Градинката Синоличка ќе се грее на гас

    Со тоа продолжува гасификацијата на поголемите установи и стопански објекти во градот, откако во ноемри минатата година беше извршен првиот прилучок во Домот за стари лица „Зафир Сајто„.

    Поради ниските температури малку ја забавивме работата, но се надеваме дека ќе ги реализираме сите предвидени активности во предвидениот рок. Се монтираат нови котлари и во училиштето „11 Окромври„,зградата на општината, јавните претпријатија „Водовод„ и „Чистота и зеленило„. Најдоцна за еден месец и тие ќе бидат приклучени на гасоводот - рече директорот на ЈП „Куманово-гас„ Момчило Мирчевски.

    Инвестицијата за адаптација на котларата во градинката изнесува околу 700 илјади денари.

    Со проектот за гасификација ќе бидат приклучени уште два наши објекти, клоновите „Кокиче„ и „Развигорче„.Ваквиот начин на затоплување значат придобивка на економски и еколошки план. Бенифитите од гасификацијата ќе дојдат во натамошните години, кога ќе се приклучат и останатите објекти од градинката- рече директорката Марина Алексовска.

    Свеченото предавање во употреба го изврши градоначалникот Зоран Дамјановски, која потсети дека со испорачувањето на првите количини на гас за затоплување, Куманово стана првиот град во државата што се гасифицира.

    Во претпријатието „Куманово-гас„ има интерс за влегување на стратешки партнер, со што ќе се создадат услови за прилучување на домаќинствата за наредната зимска сезона. Досега проектот на гасификација се реализира со сретства од локалната самоуправа и потрошени се 2,6 милони евра.