Мени

Гран при за „Српски вез“ на меѓународен фолклорен фестивал во Црна Гора

06.08.2026 17:37 | KumanovoNews

Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово ја освои највисоката награда – Гран при на 11. Меѓународен фолклорен фестивал во Бар, Црна Гора.

Гран при  за „Српски вез“ на меѓународен фолклорен фестивал во Црна Гора

Кумановскиот ансамбл во изминатите осум дена беше на турнеја во Црна Гора, при што настапуваше во Бар, Будва и Сутоморе. Централен настан на турнејата беше учеството на меѓународниот фестивал во Бар, кој има натпреварувачки карактер и се смета за една од позначајните фолклорни манифестации во регионот.

„На фестивалот настапија фолклорни ансамбли од 12 држави од регионот и Европа, претставувајќи ги традицијата, обичаите и културното наследство на своите земји. Ние со изведбата на македонски и српски народни ора и игри, ја освоивме стручната комисија и публиката, освојувајќи првото место на фестивалот и Гран при наградата“, велат од „Српски вез“.

Од друштвото додаваат дека признанието претставува потврда за долгогодишната посветена работа и афирмацијата на фолклорното наследство, но и значајна промоција на Куманово и Република Македонија на меѓународната културна сцена.