×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Има доволнo вода во браните Липково и Глажња

    03.06.2020 12:21 | KumanovoNews

    Куманово ова лето ќе нема проблеми со водоснабдувањето, бидејќи има доволни количина на вода во двете акумулации Липково и Глажња од каде градот се снабдува со вода за пиење.

    Има доволнo вода во браните Липково и Глажња

    Советникот Сашо Милковски, кој работи во АД Водостопанство Кумановско-липковско поле, кажа дека граѓаните не треба да се грижат за водонабдувањето.

     „Во двете брани има некаде околу 18 милиони метри кубни вода, ЈП „Водовод“ троши околу 7 милиони, индустријата и за потребите за наводнувањето околу 3-4 милиони кубика вода, така да количините се сосема доволни и нема потреба за грижа“, изјави Милковски.

    Тој додаде дека во функција е и бајпасот на водоводната мрежа, со што се обезбедуваат дополнителни количини на вода.