Интернационална акција “Засади дрво за мир 2014„
19.09.2014 13:12
| KumanovoNews
По повод Светскиот ден на мирот на Обединетите нации - 21 септември, во понеделник, 22 септември ќе се организира интернационална акција “Засади дрво за мир 2014“.

Од невладината ОХО информираат дека активностите ќе се реализираат како дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.
Во акцијата ќе се вклучат 50 училишта и градинки од земјава, со што голем број ученици и деца ќе поминат ден во природата каде ќе научат многу од и за дрвјата. Во истиот настан ќе се вклучат повеќе од 5000 училишта од 120 земји од целиот свет.