×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Исчкртани постерите на кандидатите „Кога, ако не сега„

    09.03.2013 13:44 | KumanovoNews

     Од независната граѓанска опција „Кога, ако не сега„ денеска ги обвинија политичките опоненти дека го уништуваат нивниот пропаганден матерјал залепен на јавните места.

    Исчкртани постерите на кандидатите „Кога, ако не сега„

    Тие апелираат до сите учесници на локалните избори да престанат со таквото нецивилизирано однесување и да водат фер кампања.

    Во изминативе денови сите наши постери кои беа залепени се уништени, искинати и ишчкртани со црн спреј. Ние како независна граѓанска политичка опција не сме виновни што двата политички блока се премногу зафатени со меѓусебни препукувања, со креирање на советничка листа во последен момент, па целиот свој бес го искалуваат на нашиот скромен пропаганден материјал. За нивните дејанија веќе се известени претставниците на ОБСЕ,а секако дека ќе бидат известени ДИК и МОСТ- изјави Александра Георгиевска.

    Таа ги повика сите учесници во локалните избори да се угледаат на нив и да покажат политичка култура, а не да употребуваат клевети и навреди во јавни настапи, промоции и средби со граѓаните.

    Нашата кампања до сега беше крајно позитивна и коректна. Ве повикуваме да се однесувате во ист манир. За нас најважни се граѓаните и тој пропаганден материјал е за нив и нивно информирање, а не за вашата уништувачка енергија. Ние продолжуваме со позитивна кампања. Отворени сме за соработка, меѓусебно почитување и негување на фер плеј изборна атмосфера  со сите учесници на Локалните Избори 2013.-нагласи Георгиевска.