Изгоре автомобил по верижен судир со два камиони во Војник
Автомобил целосно изгоре вчера во 14.30 часот, по верижен судир на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, во атарот на селото Војник, општина Старо Нагоричане.

Очевидци велат дека сообраќајната несреќа настанала поради густиот чад од пожарот кој се спуштил на патот.
„Сообраќајката се случила напомеѓу товарно возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.П.(49) од Радовиш, товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(30) од Куманово и патничко возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(46) од с.Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане“, соопшти СВР Куманово.
Во незгодата нема повредени лица, а патничкото возило „сеат леон“ целосно изгорело. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.