Мени

Двајца кумановци фатени додека палеле кабли на депонија помеѓу Кадино и Миладиновци

10.07.2025 19:13 | KumanovoNews

При контрола на патот помеѓу селата Кадино и Миладиновци, денеска во 15.30 часот, полициски службеници од Единица за интервентна полиција забележале црн чад, при што затекнале две лица кои запалиле кабли во близина на сува трева и ѓубре на дива депонија.

Двајца кумановци фатени додека палеле кабли на депонија помеѓу Кадино и Миладиновци

„Со брза реакција пожарот е изгаснат и спречен да се прошири. Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31). Лицата се лишени од слобода во Полициска станица Гази Баба и ќе биде известен Јавен обвинител за поднесување на соодветна пријава“, соопшти МВР.