×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на уметничка фотографија “Фото салон Куманово 2013“

    03.10.2013 08:51 | KumanovoNews

     Во Уметничката галерија утревечер во 20 часот ќе се отвори 8 - та меѓународна изложба на уметничка фотографија “Фото салон Куманово 2013“.

    Изложба на уметничка фотографија “Фото салон Куманово 2013“

     Пред граѓаните ќе бидат изложени 120 најдобри фотографии  од  вкупно 8336 што ги испратиле 629 автори од 70 земји, до организаторот Фото кино клубот Козјак. Сите фотографии се со специјални културни карактеристики што ја прави изложбата со висок уметнички квалитет.

    Жирито во состав Душко Јовановски од Македонија, Геза Ленарт од Србија и Марјан Јаневски од Македонија избра 686 фотографии во слободна црно бела тема, 803 фотографија во слободна колор тема, 538 фотографии во тема природа и 613 фотографии во темата живот посветена на дојаенот на македонската фотографија Живко Јаневски.

    Посетителите ќе погледнат фотографии на фотографи од Србија, Латвија, Турција, Данска, Канада, Австралија, САД, Израел, Унгарија и други.