Мени

Украдени пари од црквата во Долно Којнаре

31.08.2026 10:17 | KumanovoNews

Непознати лица ја скршиле вратата на црквата „Св. Спас“ во Долно Којнаре и украле пари. Кражбата се случила во текот на викендот.

Украдени пари од црквата во Долно Којнаре

„На 30 август во 00:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека во периодот од 13:00 часот на 29 август до 00:30 часот на 30 август 2026 година, во црква во село Долно Којнаре, Кумановско, било влезено со употреба на сила, при што биле одземени пари“, информираат од СВР Куманово.

Од месната заедница велат дека ова не е првпат црквата да биде обиена во краток временски период.

„Бараме од МВР и сите надлежни институции случајот веднаш и темелно да биде истражен, сторителите да бидат пронајдени и соодветно санкционирани согласно законите. Не смееме да дозволиме ваквите случаи да станат секојдневие“, стои во објавата. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.