×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Караџински: Децата во градинка спијат на душеци на под

    31.10.2013 16:34 | KumanovoNews

    Директорката Марина Алексовска потврди дека има поголем број деца од просторните можности, но отфрла дека спијат на душеци.  

    Караџински: Децата во градинка спијат на душеци на под

     Советниците на вчерашната седница повторно го актуелизираа проблемот со преголемиот број на деца во градинките и побараа од надлежните под итно да се изгради нов објект.

    Капацитетот на градинката е за 850 деца, се пријавиле 1600, а примени се 1440 деца.Таму се работи во вонредни услови и по две деца спијат во еден кревет или на под на душеци. Не дај боже да се случи нешто, кој ќе биде виновен? Советот ли ќе ја понесе одговорноста што дозволил да се зголеми капацитетот за прием на деца?-праша советникот Драги Караџински од ГРОМ, додека се дискутираше за годишниот извештај за работа во градинката Ангел Шајче.

    Затоа барам општината под итно да одреди локација и да побара сретства од Министерството за труд и социјална политика да се изгради нов објект или да се преадаптираат неки напуштени простории што не се користат- побара Караџински.

    Директорката Марина Алексовска потврди дека има поголем број деца од просторните можности, но отфрли дека децата спијат на душеци.

    Не може да се случи дете да лежи само на душек. Во јасли има креветчиња, а во одделот градинка дрвени креветчиња кои се спуштат на душек. Ако некој од вас од советниците има видено деца што лежат на душек тоа се само децата од билингвалната македонско-албанска и македонско-српска група, каде што децата немаат обврска да спијат, имаат мирно време во кое не спијат, туку на подебели душеци лежат и гледаат телевизија. Според таа програма за нив не се ни предвидени креветчиња - се правдаше Алексовска.

      Таа додаде дека во градинките дневно се присутни се од 950 до 1000 деца максимум, бидејќи 30 одсто од децата редовно отсуствуваат од некои причини.

     Советник од Коалицијата за подобра Македонија Тони Трајковски,побара од Советот да се направи ревизија на финансиското работење на градинката, како што неодамна тоа го побара СДСМ од директорот на земјоделското училиште.