×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе нема субвениции за комунални услуги, градинка и народна кујна, додека не завршат изборите

    19.03.2024 15:44 | Оливера Пешевска

    Субвенции за трошоците за комунални услуги, помош за домување, еднократна парична помош, ослободување од партиципација за деца на самохрани родители запишани во градинка, народна кујна и други, кои се дел од пакетот мерки за социјална заштита на Општина Куманово ќе се реализираат по изборите.

    Ќе нема субвениции за комунални услуги, градинка и народна кујна, додека не завршат изборите

    По препорака на Државната комисија за спречување на корупција вакви средства не може да се исплаќаат во време на избори, бидејќи се сметаат за изборен поткуп. Општина Куманово во буџетот за 2024 година предвидува 1,69 милиони денари, но нивна распределба ќе започне најрано во јуни, откако ќе заврши изборниот циклус.

    Огласот за пријавување на мерките за ранливите категории беше распишан во втората половина на јануари. Граѓаните кои аплицирале за некоја од овие мерки уште немаат одговор од Општината дали ќе ги добијат средствата.

    „Ова не се нови мерки, се користат со години и до сега најдоцна до средината на февруари добивавме одговор, дали е прифатено или одбиено барањето. Во втората половина на март нема никакво известување од општината, па не знаеме што да правиме“, истакна Е.П. , самохрана мајка на студент, која ја користи мерката за субвенционирање на трошоци за комуналии.

    Други сограѓани секојдневно се обраќаат вработените во општината во барање на остварување на некои од правата. Залудни се објаснувањата дека во првите шест месеци не можат да добијат социјална помош поради законот. Но, дел од граѓаните тврдат дека има контрадикторини објаснувања, токму од надлежните кои треба да им дадат насоки и објаснувања како да постапат.

    „Едни ми велат не ги плаќај сметките, ретроактивно ќе уплатиме на „Водовод“ и „Чистота“. Други, пак, дека тие претпријатија ќе си пресметуваат камата, која треба да се плати. Не знам што да правам, затоа и неколку пати доаѓам и се распрашувам“, објаснува корисник на социјална пензија.

    За парите кои нема да бидат искористени за надлежните ветуваат дека ќе најдат начин и групи каде ќе можат да се пренасочат дел од средствата, што, пак, значи дека нема да има ретроактивна исплата на засегнатите групи на граѓани.

    „Некаде во јуни ќе побараме промена на програмата за социјална заштита, имаме некои групи кои до сега не беа опфатени, па ќе креираме програми за инвалдизирани лица, деца под социјален ризик итн. Или пак со предвидентите средства наменети за народна кујна ќе можеме да опфатиме поголем број на лица од првично предвидениот“, потенцира Александар Крстевски, раководител на секторот.

    Вакви прекини во испорачување на дел од мерките од областа на социјалната заштита имало и во последните два спроведени изборни циклуси.