Концерт за класична гитара
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев” утревечер концерт на класична гитара ќе одржи Тања Јанкова. Концерт ќе се одржи во малата сала 19.30 часот.

Тања Јанкова е од Скопје, дипломирала гитара на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Вера Огризовик (Србија), а 2001 год. магистрира на истиот факултет во класата на проф. Пабло Барон (Шпанија). Во 1993 год. освојува прва награда на Републичкиот натпревар за гитара во Скопје и втора за камерна музика.
Досега има реализирано поголем број концерти во Скопје и другите градови на Македонија. Работи како професор по гитара во ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј” во Скопје, а од 2005 год. работи како доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје и на Факултетот за музика во Тетово.