„Куферко, светскиот патник од Македонија“, премиерно во Центарот за култура
05.09.2021 12:02
| Сара Ѓорѓиоска
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вечерва во 18 часот, премиерно ќе биде изведена детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“, во режија на Трајко Јордановски.

Претставата е направена врз основа на истоимената драма од авторката Симона Ристевска, која планира уште изданија и продолжување на приказната за Куферко.
Актерскиот тим се состои од Билјана Дабеска, Емине Халил, Борко Биџовски, Стефанија Начевска, Симона Јовчевска, Агим Бафтии и Маја Стојанова како наратор.
Сценографијата е на Бојан Бранѓолица, за костимографијата Катерина Митева Бошковска, а за шминката Златица Поповска.