×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци дел од организирана меѓународна група за криумчарење мигранти, десетмина приведени

    05.06.2023 14:24 | Сузана Николиќ

    Организирана меѓународна група од Македонија, Србија, Бугарија, Унгарија, вршела криумчарење на мигранти од Грција кон Унгарија и од Бугарија кон Србија, со крајна дестинација во земјите на ЕУ.

    Кумановци дел од организирана меѓународна група за криумчарење мигранти, десетмина приведени

    Оваа меѓународна криминална група, најпрво обезбедувала возила од рент-а-кар агенции од Скопје, Куманово и Тетово и Бугарија, а потоа ангажирале лица „возачи“ и „чистачи“ за прифаќање и превезување на мигрантите. Од страна на организаторите, преку лични средби на претходно договорени локации во Србија и Унгарија, им испраќале точна локација за прифаќање на илегалните мигранти. 

    Во зависност од бројот на криумчарените мигранти, како и локациите и возилата со кои се преземани и превезувани мигрантите од страна на криминалната група од земјава преку териториите на Србија, Унгарија и Бугарија, цената на транспорт по лице која ја исплаќале мигрантите се движела од 2000 до 4000 евра.

    Во текот на истрагата утврдено е лице - организатор по потекло од Ирак, со германски травел документи, член на меѓународната криминална група на криумчарење на мигранти, кој по претходна комуникација со организаторите договарал прифаќање и превезување на илегални мигранти на територијата на Бугарија и Унгарија, за што преку брз трансфер на пари, преку лица посредници од Турција вршел трансфер на пари кон организаторите од РСМ.

    Претреси се извршени во вкупно 11 објекти во Куманово, Кратово и Струмица, а лишени од слобода се 10 лица, а три лица-членови на криминалната група веќе издржуваат мерка затвор во Штип, Идризово и Унгарија за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“.

    За сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ пријави се поднесени против 17 лица и тоа против: М.И.(21), Ж.К.(23), М.М. (21), сите од Куманово и Д.Д. (20) и С.Т. (20), двајцата од Кратово, С.П.(22) од Куманово, С.М. (26) од Куманово, С.И. (48) од Скопје, М.С. (26) од Струмица, М.Д. (31), К.Ж. (20), Н.С. (27), Н.М. (24) сите од Куманово, А.Т. (21) и С.С. (21) од Кратово, Ш.Г. (29) од Скопје и Н.М. (21) од Штип.