×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци во Либија останале без пари

    24.02.2011 17:04 | KumanovoNews

     Неизвесно е кога триесетината кумановци заглавени во Бенгази во Либија ќе се вратат дома, бидејќи немаат пари ниту директен контакт со македонските власти.

    Кумановци во Либија останале без пари

    Нивните семејства кажуваат дека во секојдневните разговори тие бараат помош од државата.Сопругите на Моме Стефановски и Јоцко Крстевски од населбата Иго Тричковиќ, велат дека и денеска кога се слушнале нивните мажи незнаеле кога би можела да се најдат на брод, бидејќи ветувањата обично не се исполнувале.

    Тие немаат пари да си купат карти, а ништо не им е обезбедено од државата. Многу се исплашени, затоа што се случил некаков инцидент каде што работеле.Таму гладувале и немале струја, но сега се сместени во шатори покрај пристаниште и редовно добиваат храна. Чекаат превоз, но не знаат кога ќе појдат. Велат дека никој не се интересира за нив, освен некој предприемач и преведувач, кои им велеле дека се ќе биде во ред- раскажува Лиле, сопругата на Моме Стефановски.

    Нејзината сосетка Валентина, сопруга на Јоцко, вели дека сопругот од неа барал информација дали македонските власти преземаат нешто за да им помопнат.

    Тие секојдневно ги испраќаат бродовите и другите странци кои си замнинуваат, а за Македонците нема превоз. Пристигнал брод што си ги собрал Кинезите, Србите си ги зеле своите, Турците исто така, а само нашиве седат таму - вели низ солзи Валентина.

    Градежните работници  останале и без пари затоа што газдата за кој работеле не им дал плата веќе два месеци и им должел околу 2000 долари. Тоа дополнително ја отежнало и онака сложената состојба, па работниците не можат да преземат ништо на своја рака. Затоа семејствата апелираат до МНР да преземе конкренти чекори да им помогне.  

     Стефановски и  Крстевски се на работа во Либија се од минатото лето, а работеле како ѕидари на градилишта. Заминале преку претприемач од Скопје. Од Кумановско имало околу триесетина работници од селата Лопате и Липково, и населбата Иго Тричковиќ.