Кумановец починал во затворот во Крива Паланка
16.09.2020 15:22
| KumanovoNews
О.Р. (44) од Куманово, синоќа во 20.55 часот починал во Затвор Куманово – Отворено одделение Крива Паланка.

Увид извршиле екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка и лекар од Здравствен дом Куманово, кој констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.