Кумановец подметнал пожар во куќа на сограѓанин
01.10.2014 11:18
| KumanovoNews
Кумановец подметнал пожар во куќа на сограѓанин со кого не бил во добри односи.

Р.Р.(32) од Куманово се расправал со неговиот сограѓанин А.Р.(43) при што додека А.Р. не бил дома, пријавениот со запалива течност го испрскал ѕидот од неговата куќа и подметнал пожар.
Кумановската полиција против Р.Р. поднесе кривична пријава за предизвикување општа опасност.