Мени

Кумановец приведен, во неговиот дом пронајдени пиштол и муниција

23.09.2026 13:36 | KumanovoNews

Дваесет и шестгодишен кумановец е приведен откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла пиштол и муниција.

Кумановец приведен, во неговиот дом пронајдени пиштол и муниција

Од СВР Куманово информираат дека вчера, во 13:40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода кумановецот.

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ и куршуми“, соопшти полицијата.

Лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.