Приведена кумановка, фатена додека зема пари од каса во маркет
22.09.2022 10:07
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 19.30 часот лишиле од слобода 41-годишна жена од Куманово.

„Таа била фатена на дело при одземање пари од каса во маркет на ул.„АВНОЈ“ во Куманово. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а жената била приведена и задржана во полициска станица“, соопштува МВР.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.