×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово има добар меѓународен кредитен рејтинг

    01.07.2011 14:39 | KumanovoNews

    Општината Куманово има добар меѓународен кредитен рејтинг, што значи дека добро го менаџира буџетот, нема долгови и има фискален капацитет. Истовремено тоа покажува дека општината може да се носи со странски задолжувања и кредити за изградба на одредени инфраструктурни проекти.

    Куманово има добар меѓународен кредитен рејтинг

    Куманово се здоби со В1 кредитен рејтинг, кој покажува дека општината е стабилна и гарантира дека во наредниот период ќе стане важен индустриски и локален трговски центар, како и дестинација за странски директни инвестиции- смета Валентина Алексовска.  

    Алексовска појаснува дека со добивањето кредитен рејтинг општината се легитимира пред сите меѓународни финансиски институции за полесно остварување на контакт со светсите финасиски институции и побрзо препознавање надвор од границите на државата.

    Во носењето на кредитната оценка, најголемо влијание има т.н. оперативната средина или институционална поставеност во една држава, нејзиниот вкупен економски развој, БДП што го остварува.

    На скалата до 21, Куманово се наоѓа на 14 место. 12 поени доби за сопствената финансиска можност, а само 2 поени за подршката од централната власт  што не е случај со другите општини на кои им е наклонета државата. Да имавме поголема подршка од централната власт, рејтингот ќе беше уште подобар - објаснува Алексовска.

    Меѓународен кредитен рејтинг на општина е извршен преку Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Мoody's Investor Services, Македонски центар за финансиска обука и проектот на УСАИД за локална самоуправа.