×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските социјалдемократи избраа конгресни делегати за наредните 4 години

    22.09.2020 09:13 | KumanovoNews

    Општинската организација на СДСМ Куманово синоќа одржа конференција на која беа избрани новите делегати кои ќе ја претставуваат на конгресите на СДСМ. На конференцијата едногласно беа избрани 26 делегати со мандат од 4 години.

    Кумановските социјалдемократи избраа конгресни делегати за наредните 4 години

    Претседателот Мартин Костовски вели дека избраните делегати се чесни и храбри луѓе, кои достојно ќе ја претставуваат општинската организација на СДСМ Куманово.

    - За првпат можеме да се пофалиме со сериозно подмладување на партиската структура. Од 26 делегати 13 се мажи и 13 жени, докажуваме и во пракса родова сензитивност и изедначување на можностите на двата пола. За пофалба е дека од 26 дури 13 делегати од општинската организација се помлади од 32 години, односно претставници на Социјалдемократската младина. Ова е можност партијата да се подмлади, да дадеме шанса на младите луѓе да добиеме една нова енергија, којашто ни е потребна во наредниот период, - изјави Костовски, кој поради обврски во Парлементот не ја водеше конференцијата, туку го замени секретарот Оливер Илиевски.

    На присутните им се обрати потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, кој се осврна на актуелните предизвици со кои се соочува Владата, како и за концептот и начинот на делување на партијата и процесите на реорганизација во претстојниот период.

    Вонредниот конгрес на СДСМ се очекува да се одржи помеѓу 1 и 10 октомври на кој ќе има одредени статутарни измени, а напролет ќе се одржи редовен конгрес на кој ќе се бира ново раководство и претседател на партијата.