Лекарите советуваат да се избегнува жештината
        21.06.2013 09:30
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Последниве денови екипите во Брза помош имаат во просек по 20 интервенции дневно и тоа најчесто во ударните часови преку ден кога е најтопло.
Лекарите советуваат граѓаните да се изложуваат долго на сонце, бидејќи ризикуваат да добијат сончаница и топлотен удар.
Зголемени се интервенциите преку ден кога е топло, а навечер поретко. Исто така имаме и повеќе домашни посети. Помош бараат постарите, доаѓа до губење на течности, до дехидратација и секој организам различно реагира. Паѓа притисокот, се јавува вознемиреност, колапси. Работа имаме за 50 отсто повеќе - изјави Марјан Спирковски, началник на Брза помош.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



