Летна крводарителска акција
11.08.2015 15:23
| KumanovoNews
Од Црвен Крст Куманово ги повикуваат граѓаните да даруваат крв, бидејќи има мали резерви на крв и може да недостигаат единици од одредени крвни групи.

За таа цел Црвен Крст Куманово во петок организира летна крводарителска акција, која ќе се одржи во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
Крводарителите ќе можат да даруваат крв од 9 до 14 часот. Од Црвен Крст ги повикуваат граѓаните уште еднаш да ја покажат својата хуманост на дело.