Липково ќе добие квалитетна вода за пиење
22.08.2014 12:22
| KumanovoNews
Населението во општина Липково ќе добие квалитетна вода за пиење.

Градоначалникот Садула Дураку и министерот за животна средина, Нурхан Изаири неодамна потпишаа договор за изградба на доводен цевковод од акумулацијата Глажња до филтер станицата Липково за што ќе бидат потрошени 10 милиони денари.
Овој проект ќе се реализира врз основа на Програмата за инвестирање во животната средина и Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2014 година.