Лишен од слобода крадец од Куманово
24.11.2022 16:27
| Жаклина Цветковска
Полициски службеници од СВР Куманово, вчеравечер, го лишиле од слобода Д.Р.(20) од Куманово поради кражба на повеќе предмети.

Според СВР Куманово, тол се сомничи дека одзел повеќе предмети од објект во изградба на улицата „Питу Гули“ и во продажен објект на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово.
Д.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.