Мени

Лизгање на земјиште на влезот во Липково, Општината бара итно постапување

01.12.2025 08:55 | KumanovoNews

Лизгање на земјиште на влезот на селото Липково, пријавил Општинскиот кризен штаб во Центарот за управување со кризи.

 

Лизгање на земјиште на влезот во Липково, Општината бара итно постапување

Од таму побарале итно постапување и интервенција поради висок ризик од масовното лизгање.

„Општина Липково, преку Кризниот штаб предводена од командирот, по добиен повик од жител на село Липково, веднаш излезе на терен и изврши увид на локацијата позната како „Кисела Вода“, во непосредна близина на млинот и регионалниот пат кон влезот во селото“, стои во известувањето.

За состојбата се известени ЦУК – Скопје, ДЗС – Куманово, „Македонија пат“ – Куманово и ПС Матејче.

Од „Македонија пат“ – Куманово информирале дека стручни лица од Градежниот факултет во Скопје ќе извршат испитување на земјиштето заради понатамошно решавање и интервенција во Липково.

Лизгањето на земјиштето е предизвикано од обилните дождови кои во изминатите денови го зафатија регионот.