Повреден возач во сообраќајка на раскрсницата меѓу „Октомвриска“ и „Ѓорче Петров“
01.12.2025 10:23
| KumanovoNews
Едно лице е потешко повредено во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на крстосницата од булевар „Октомвриска револуција“, улицата „Иво Лола Рибар“ и улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово.
„Во 00:17 часот во СВР Куманово било пријавено дека несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило „Поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Т. (22) од село Никуљане, Општина Старо Нагоричане, и патничко моторно возило „Поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (48) од Куманово“, соопшти полицијата.
Во незгодата со повреди се здобил возачот Д.К., кој бил префрлен на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од страна на полициска екипа.
(Фото. архива)