“Македонска икона“ гостува во Кратово
10.05.2012 07:49
| KumanovoNews
Во галеријата на Музејот на град Кратово утре во 12.30 часот ќе биде отворена изложба на икони.

Кратовчани ќе можат да видат 18 икони од различни домашни автори во техника масло на платно. е Изложбата се организира во соработла со здружението Коледари и ликовниот уметник Мирослав Трендафиловски - Мики од Куманово. Истите дела претходно беа изложувани во неколку градови низ земјава меѓу кои беше и Кочани. Изложбата ќе трае до крајот на месецов.