×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мигранти скокале од приколка на камион за да не се загушат

    30.06.2020 13:25 | KumanovoNews

    Двајца мигранти скокнале од камион откако во полуприколката во која се превезувале снемало воздух. Еден од нив се здобил со тешки повреди, додека вториот поминал со полесни повреди.

    Мигранти скокале од приколка на камион за да не се загушат

    Според МВР, на 28.06.2020 во 1 часот по полноќ, по претходна телефонска дојава дека на пат Куманово - Крива Паланка, кај место викано „Ливаде“ биле забележани две товарни возила од кои излегле мигранти, од полициските службеници биле пронајдени двајца повредени мигранти од Пакистан и Бангладеш, кои биле пренесени во Општа болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

    Во врска со случајот, на место викано „Четал“, во Страцин, од полициски службеници било запрено товарно возило со полуприколка, управувано од пријавениот, при што било утврдено дека тој со товарното возило прифаќал и превезувал мигранти, но поради недостаток на воздух во него, мигранитите биле принудени да скокнат од возилото додека било во движење. Притоа, еден од нив се здобил со тешки телесни повреди, додека вториот мигрант се здобил со телесни повреди.

    Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против А.Т.(27) од с.Кутретино, демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

    Од страна на судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што истиот бил спроведен во КПУ Затвор Скопје.