×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МКК Куманово е на трето место на државното првенство во кошарка

    23.05.2025 18:24 | Оливера Пешевска

    МКК „Куманово“ го заврши првенството на трето место на табелата, со што направи огромен успех како дебитант во шампионатот. До третата позиција стигнаа откако и по втор пат, во меѓусебните дуели го совлада тимот на Работнички, овој пат на домашен терен со резултат од 81:62.

     

    МКК Куманово е на трето место на државното првенство во кошарка

    „Задоволни сме, направивме навистина впечатлив успех, као дебитанти во Прва лига за мажи стигнавме до третото место. Се заблагодарувам и честитам на сите играчи и членови на стручниот штаб. Сега е време за славање, а за идните планови ќе размислуваме од утре. Време е и да одмориме малку“, изјави претседателот на клубот Ненад Стојановски.

    Во првите две четвртини започна победничката игра на МКК Куманово, но резултатот не покажуваше дека лесно ќе се стигне до победа. На одмор тимовите заминаа со реултат од 39:33. Веќе од почетокот на второто полувреме кумановци го зголемуваа водството, за да во последните 10 минути од натпреварот стане јасно дека Работнички нема сила за пресврт.

    Статистиката на крајот на мечот покажува доминација на кумановци, со 61% успешност во шутевите за два поени, а 42 проценти од топките за три поени завршиле во мрежата.

    Најуспешен во шутот, кај победничкиот тим беше Урош Луковиќ, со постигнати 19 поени, Тадија Тадиќ има 16 погодоци, а Александар Радукиќ имаше резултат од 14 погодоци.

    Младинскиот кошаркарски клуб Куманово со пласманот на 3 место на табелата добива можност да се натпреварува во јадранската АБА- 2 лига.

    Натпреварот се играше без публика поради казната на МКК Куманово по инцидентот на натпреварот против МЗТ Скопје.