×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хуманитарната трка „Сите за Кочани“ во недела во Скопје, Крива Паланка и уште во 5 градови

    23.05.2025 16:31 | KumanovoNews

    В недела, 25 мај, ќе се одржи хуманитарната трка насловена „Сите за Кочани – Трчаме заедно“.

    Хуманитарната трка „Сите за Кочани“ во недела во Скопје, Крива Паланка и уште во 5 градови

    Трката ќе се одржи во седум градови, Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово и има за цел да собере средства за помош на повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март. Во пожарот загинаа 62 главно млади лица, а повредени се околу 200 од кои 25 деца.

    Во Скопје, трките ќе се одржат на Средно Водно. Трката од 5 километри започнува во 10:00 часот, додека трката на 10 километри ќе започне во 11:00 часот. Пристапот со возила кон Средно Водно ќе биде регулиран, а паркингот нема да биде достапен за возила. За таа цел, ќе биде обезбеден организиран бесплатен автобуски превоз од паркингот кај Цветен пазар до Средно Водно. Превозот ќе се одвива од 08:30 до 10:10 часот, а повратниот превоз ќе биде достапен од 12:00 до 14:15 часот.

    Подигнувањето на стартните броеви за учесниците од Скопје ќе се врши на 23 мај (петок) од 09:00 до 19:00 часот и на 24 мај (сабота) од 09:00 до 16:00 часот во просториите на Europe House Скопје. 

    Во останатите шест градови, подигнувањето на стартните броеви ќе се врши на истите датуми и во истите временски интервали во просториите на локалните Јуроп Хаус канцеларии.

    Трката е наменета за граѓани од сите возрасни групи, без разлика на физичката подготвеност. Средствата собрани преку котизациите ќе бидат уплатени на Црвениот крст на Република Северна Македонија и ќе бидат насочени кон поддршка на заедницата во Кочани. Дополнително, на денот на трката ќе биде поставена и кутија за донации од страна на Црвениот крст, каде што сите присутни ќе имаат можност да донираат дополнително.